Пролетна прошетка низ главниот град

Транзицијата од едно во друго годишно време најавува потреба од промени во нашето секојдневие. Секoја промена носи нови предизвици и искуства кои само ни помагаат да научиме како да си го поминеме денот полесно. Но, промените не мора секогаш да бидат од огрoмни размери, може да бидат и ситница, а сепак да направат разлика. Една обична прошетка низ главниот град може да ви го промени расположението давајќи ви ентузијазам за преземање поголеми чекори.

Што значи да се прошета низ центарот на главниот град во пролет?

Сончеви зраци, насмеани лица, позитивна енергија и време за себе.

Мирисот на пролетта може да ве наврати на спомените кога сте доживеале нешто што сте мислеле дека е невозможно. Ако тргнете од плоштад, веднаш ќе ви предложиме да ги посетите Fabuspot каде ќе ви помогнат да го најдете парфемот кој ќе биде доволно сличен на вашиот од тоа време. Вака спомените од едни добри времиња ќе останат покрај вас без да мора да ја чекате пролетта и нејзината убавина. Скоро и да е незибежен моментот дека ќе си купите и кармин во омилената пастелна нијанса, зашто и онака тие што веќе ги имате се наменети за зимскиот период. Сето ова го плаќате на РАТИ и притоа добивате 15% попуст. Звучи одлично, нели?

Откако ќе излезете од Fabuspot, ако се движите според погледот би требало да тргнете накај влезот на ГТЦ. Движејќи се низ плоштад забележувате дека сè уште ги носите обувките од зимската сезона и тоа во темна нијанса, што значи време е за урбана и лесна патика која ќе дозволи вашата кожа да дише за време на топлите денови. Каде ако не во Sport M… Попатно тенка јакна сигурно ќе ви привлече внимание и нема да можете да одолеете, со што најважните пролетни парчиња ќе ги имате подготвени навреме. Со вашата Diners Club картичка можете да ги исплаќате до 12 РАТИ.

Се разбира дека по пат ќе застанете во DM – ГТЦ Приземје и ќе влезете по една работа, а на крај ќе излезете со новата колекција на производи за комплетна нега од глава до пети со интензивен мирис на пролет на Balea која ја плаќате на РАТИ со вашата Diners Club картичка. Свежината во негата која ја даваат овие производи ја доловува смислата на вашата постојана мисла, дека денот по утрото се познава.

Оттаму веќе ќе имате потреба да одморите задоволни од она што сте го направиле за себе во првиот дел од денот. Се враќате назад кон плоштадот и седнувате на терасата на ресторанот Пелистер каде едвај дочекувате да ве прашаат што ќе нарачате зашто ви текнува на вкусот на совршените њоки со 4 сирења од кои секогаш ви останува дел од порцијата да си однесете и дома за репете. А и прекрасно е човек кога јаде сам во ресторан зашто ужива во сопственото друштво, зарем не?

На излегување  ја погледнувате фонтаната и ви текнува дека сте во близина на Soul Kitchen од каде може на партнерот да му го купите омилениот бургер. Без размислување се упатувате кон кејот на реката Вардар. За кратко добивате вкусен и сочен бургер кој го плаќате со Diners и веќе си тргнувате накај дома, замислувајќи ја насмевката на партнерот кога ќе види спакувана храна која уште испарува.

На пат накај дома застанувате набрзинка кај Цветен пазар и си купувате букет од цвеќара Блум каде имате можност да плаќате на РАТИ, зашто нема потреба да чекате од некој друг да ви искаже почит, кога имате Diners, а и самите знаете колку ја заслужувате. Секој ден треба да е ден посветен на жената.

Со букет во рака, влегувате дома и партнерот насмеан ве прашува каков ви бил денот, а вашиот одговор е „Денес имав убав ден, со Diners!“.

Сега денот може да заврши со њоките од Пелистер, бургерот од Soul Kitchen и некој добар филм за пред спиење.

Ова би било убаво да ви се случи утре, нели?

Ние знаеме дека е возможна мисија, зашто не мора да чекате да дојде први за да ви се случи ваков ден, Diners Club е тука во секој ден.