Што за тебе значи да се биде ПОВЕЌЕ од жена?

Да се биде жена е еден цел свет во кој има многу предизвици и не секогаш се пријатни и лесни за надминување, но тоа веќе го знаеш. Овој пат сакаме да се задржиме на оние елементи од постоењето на жената кои навистина ретко се препознаваат како важен дел од процесот.

Жените во модерниот свет имаат повеќе улоги истовремено и огромен дел од нив навистина добро се носат со сите нив. Како поминува времето благодарение на континуираната борба за рамноправност, жените имаат сè повеќе избор, без разлика дали се работи за професија или воопшто начинот на живот. Всушност, жените денес имаат поголема слобода на изразување и успеваат да постигнат внатрешен баланс. Постигнувањето внатрешен баланс бара огромна храброст, тоа често значи оттргнување од негативните аспекти на животот и фокусирање на оние аспекти кои им дозволуваат на жените да бидат најдобрата верзија од себе.

Модерната и успешна жена не ја прават таква само нејзината врвна кариера, среќен брак, прекрасни деца, добро уреден дом и куфер полн искуства од патувањата околу светот. Модерната и успешна жена е онаа која знае како да биде среќна и која е задоволна сама со себе. Жена која знае што сака и живее по свои правила, но и онаа која се грижи за останатите околу неа, бидејќи – која би била поентата да имате сè, а да немате со кого да го споделите.

ПОВЕЌЕ од жена е онаа која се осмелува да има големи соништа и да работи неуморно на нивно остварување.

ПОВЕЌЕ од жена е онаа која е подготвена на секакви промени и ги надминува сите предизвици.

ПОВЕЌЕ од жена е онаа која при секој пад гордо застанува на нозе и повторно продолжува кон целта.
ПОВЕЌЕ од жена е онаа која работи на одредена цел дури и кога мора да премине преку милион препреки.

ПОВЕЌЕ од жена е онаа која не се запоставува себеси на сметка на доброто на другите.

Која од овие жени те опишува тебе или жените во твојата околина?

Да се биде жена значи многу ПОВЕЌЕ од самата именка. Тоа значи самодоверба, гордост, внатрешна убавина која зрачи однадвор, издржливост, цврст став кон животот и многу љубов. Затоа што колку ПОВЕЌЕ се сакаш себеси, толку помалку ќе наидуваш на негодување со твојот избор и толку ПОВЕЌЕ ќе успеваш да ја докажеш својата вредност како пред себе така и пред другите кои некогаш и ненамерно се обидуваат да ја минимизираат твојата улога во нивниот живот. Всушност, борбата за своето место во општеството е само мал твој придонес во глобалната борба за оние жени кои имаат многу помалку права од тебе. Не се откажувај!

Секој ден е важна борба и не дозволувај само на Интернационалниот ден на жената таа да биде успешна. На крај, оставаме на тебе да ја истражиш својата мисла и да го дознаеш одговорот на прашањето:

Што за тебе значи да се биде ПОВЕЌЕ од жена?