СМС Инфо +

Највисока заштита на сите твои Diners Club трансакции

Добивај СМС известување за секоја трансакција и користи ги сите поволности кои ти ги нуди Diners Club непречено и безбедно со СМС ИНФО + услугата.

Со СМС ИНФО+ добиваш СМС-порака со известување за успешна или неуспешна трансакција направена со Diners Club картичката преку АТM, POS терминал и Интернет.

Ваквите известувања придонесуваат за дополнителна заштита при вршење на трансакции и спречуваат злоупотреба на картичката.

Како дел од СМС ИНФО+ услугата дополнително се испраќаат и СМС известување за:

  • Обновена картичка

  • Промена на лимит

  • Превентива од опомена

  • Блокирана картичка поради неподмирен долг

  • Со потпишувањето на договор за издавање и користење на Diners Club картичка, секој член задолжително станува и корисник на СМС ИНФО+ услугата на Diners Club.

  • Надоместокот за услугата СМС ИНФО+ е утврден во тарифата на надоместоци на услугите што ги врши Diners Club.