Политика за приватност 

Политиката за приватност на личните податоци на ФД Динерс Клуб дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате веб страната и/или користите некоја од услугите на ФД Динерс Клуб преку истата. Се собираат само оние лични податоци кои се неопходни за остварување на законски задачи и овластувања. 

Контролор

Контролор е ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје (во натамошниот текст: ФД Динерс Клуб).

ФД Динерс Клуб определи офицер за заштита на лични податоци, со следниот контакт:
Димитар Ѓеорѓиевски и Антонио Ѓеорѓиевски, [email protected].

 Дефиниции и поими

“Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. Вие сте должни да ни ги доставувате вистинските, точните и целосните лични податоци, како и сите измени во вашите лични податоци.

“Обработка на личните податоци” е секоја операција или збир на операции кои можат да бидат извршени врз Вашите лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

Кои информации ги собираме?

При посета на интернет страната, ФД Динерс Клуб ги собира следниве информации лични податоци за идентификација и информации за контакт, само доколку доброволно ги дадете преку пополнување на контакт форми, заради користење на нашите услуги, како што се апликација за ДК картичка, најава на My diners порталот или други информации.

Цели на обработката на личните податоци

ФД Динерс Клуб ги прибира и користи Вашите лични податоци со цел да ги овозможи следниве услуги:

  • За воспоставување на деловен однос со клиент.
  • Подобрување на нашата веб-страница Постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата веб-страница што се базира на повратните информациите кои ги добиваме од вас.
  • За подобрување на услугите кон клиентите – Вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на вашите барања за определени услуги или поддршка кога ви треба.
  • За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на веб-страницата
  • За праќање информации на корисниците кои ќе се согласат да ги примат содржините кои мислиме дека се од нивни интерес.

Како ги штитиме Вашите информации?

Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци кои не се лични, а се складирани на нашата веб-страница согласно законската регулатива на РСМ.

Обработка на Вашите лични информации

Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме лични идентификациски информации на корисникот на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштита на личните податоци на РСМ, како и останатата важечка регулатива.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ФД Динерс Клуб.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на следните e-mail: [email protected].

Прифаќање на условите

Со користење на оваа веб-страница и со кликање на “Се согласувам”, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата. Доколку не се согласувате со политиката, Ве молиме да не ја користете нашата веб-страница. Вашето континуирано користење на веб-страницата, следејќи ги промените на оваа политика, ќе се смета дека ги прифаќате дадените промени.

Стапете во контакт со нас

Доколку имате прашања во врска со политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата, практиките или комуникацијата со веб-страницата, може да нè контактирате преку испраќање на е-маил до Офицерот за заштита на лични податоци Димитар Ѓеорѓиевски и Антонио Ѓеорѓиевски, [email protected].

Колачиња на интернет пребарувачот

Нашата веб-страница може да користи „колачиња” за да се подобри корисничкото искуство. Интернет пребарувачот на корисникот ги чува колачињата на нивниот компјутер заради цели на чување на записи за посетите на веб-страницата. Корисниците можат да изберат да ги нагодат нивните интернет пребарувачи да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога тие ќе се пратат. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од веб-страницата можеби нема да функционираат како што е предвидено.

Google аналитика

Веб-страницата користи Google аналитика за да помогне при анализа на начинот на користење на веб-страницата од страна на корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на веб-страницата (вклучувајќи ја и ИП-адресата) се проследуваат до Google. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на веб-страницата од страна на корисниците и да се креираат статистички извештаи за активноста на веб-страницата на ФД Динерс Клуб.

Ние нема (ниту ќе им дозволиме на трети страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или собирање на какви било лични податоци за идентификација на корисниците на нашата веб-страница. Google нема да ја сподели вашата ИП-адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во Google. Ниту ФД Динерс Клуб, ниту Google нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе ИП-адресата со идентитетот на корисникот.

Веб-страници на трети лица

Корисниците можат да најдат реклами или друга содржина на нашата веб-страница кои водат кон други веб-страници и сервиси на нашите партнери, набавувачи, рекламни фирми, спонзори, лиценцни фирми и трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските кои се присутни на тие веб-страници и не сме одговорни за постапките на вработените од веб-страниците кои се поврзани кон или од нашата веб-страница. Дополнително, наведените веб-страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените веб-страници или сервиси може да имаат сопствени политики за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебни политики за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со која било друга веб-страница, вклучувајќи ги и веб-страниците кои имаат врски со нашата, е предмет на конкретните правила и политики на односните веб-страници.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

ФД Динерс Клуб има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во било кое време. Кога тоа ќе го направиме, ќе бидете известени на главната страница на веб-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница.

Им обрнуваме внимание на корисниците често да ја проверуваат оваа страница за какви било измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци што ги прибираме. Корисникот прифаќа и се согласува дека тој има одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.