Често поставувани прашања

Апликација

1. Како да аплицирам за Diners Club картичка?

Аплицирањето за Diners Club картичка се одвива исклучиво онлајн, само со лична карта на следните линкови:
Diners Club Classic картичка
Diners Club Аџибадем Систина кобрендирана кредитна картичка
Diners Club Advantage картичка
Diners Club Now картичка или во Diners Club зоните во East Gate- Скопје или Bliss Mall-Битолa.
Diners Club One картичка

Diners Club не дава објаснување во случај приемот во членството да се одбие.

2. Кои се условите за аплицирање за Diners Club картичка?

Услов за добивање на Diners Club картичка е апликантот да е во редовен работен однос, пензионер или да остварува други докажливи приходи потврдени со соодветна документација.

3. Колку време се чека за издавање на картичка?

Доколку апликацијата се одобри, картичката ќе биде изработена во рок од 24 часа, или инстантно издавање во Diners Club зоните во East Gate- Скопје или Bliss Mall -Битола.  Достава на картичката е во рок од 3 до 5 работни дена во зависност од периодот на одобрување на апликацијата.

4. Каде треба да се подигне картичката?
  1. Картичките се доставуваат по пошта на посакувана адреса или се подигнуваат од Diners Club салонот или во зоните со инстантно издавање на Diners Club – NOW картичката.
  2. Деловните картички се подигнуваат исклучиво со овластување дадено од страна на членот-правното лице. При прво издавање на деловна картичка, истата се доставува од страна на Diners Club. Ре-издадена или обновена деловна картичка се доставува по пошта на посакуваната адреса.
5. Колкав лимит може да се одобри на Diners Club картичките?

Одобрување на кредитен лимит е согласно на интерните политики на кредитирање на Динерс Клуб, износите на максималниот износ на продуктен лимит се јавно достапни и истакнати во тарифникот на Динерс Клуб https://diners.mk/wp-content/uploads/2026/07/Tarifnik-na-uslugi_2026.07-1.pdf

6. Колку изнесува годишната членарина за Diners Club картичка?

Во првата година имателите на Diners Club Classic и Diners Club Аџибадем Систина кобрендирана картичка се ослободени од членарина.

При годишен промет над 150.000 МКД* по првата година не се пресметува членарина. Во спротивно месечниот надоместок за членарина по првата година изнесува 200 МКД.

Месечниот надоместок за членарина за Diners Club Advantage картичка изнесува 600 МКД.

*Доколку еден корисник поседува Diners Club Classic и Diners Club Аџибадем Систина кобрендирана картичка прометот се однесува за двете картички.

*Во направен промет се пресметуваат трансакции во период од 12 месеци, од важноста на картичката.

*Во направен вкупен промет не влегуваат Diners Club надоместоци.

Користење

1. Дали одобрениот лимит може да се зголеми?

Лимитот може да се зголеми со испраќање на „Барање за лимит“ преку мобилната апликација My Diners.

Апликацијата може бесплатно да се преземе на следните линкови:
MyDines на App Store
MyDines на Google Play
My Diners за Huawei

За барањето одлучува Кредитниот одбор врз основа на кредитната историја на членот и други можни дополнителни проверки.

Одговор на барањето членот добива по пат на СМС во рок од 3 работни дена.

Барање за зголемување на лимит членот има можност да поднесува на секои 3 месеци.

*Новите членови на Diners Club имаат право да поднесат барање после 3 месеци членство.
2. Во кои продажни места може да се користи картичката?

Diners Club картичките може да се користат во повеќе од 5.000 физички и онлајн продажни места во Македонија и на милиони физички и онлајн продажни места ширум светот.

Продажните места на кои е овозможено плаќање со Diners Club картичка се видно обележани со логото на Diners Club International и Discover.

3. Дали со Diners Club картичката може да се купува преку Интернет?

Diners Club картичките може да се користат и за интернет плаќања, но потребно е претходно да се направи најава за трошоци поголеми од 60 000 МКД за трансакцијата да биде одобрена во контакт центарот на 02/15-155.

4. Дали со Diners Club може да се плаќаат режиски трошоци (сметки за струја, мобилна и фиксна телефонија)?

Да, со Diners Club картичката може да се плаќа:

  • Сметки за струја во наплатните центри и киоск уредите на ЕВН и онлајн на evnonline.mk во готово или на рати.
  • Сметки за мобилна, фиксна телефонија и интернет во наплатните центри на А1 Македонија во готово.
  • Сметки за мобилна, фиксна телефонија и интернет во наплатните центри на Македонски Телеком во готово.
  • Сметки за парно во наплатните центри и киоск уредите на ЕСМ во готово или на рати.
5. Дали може да се активира траен налог за намирување на режиски трошоци?

Да, членовите Diners Club преку траен налог може да ги регулираат сметките за: струја (ЕВН), телекомуникации (Македонски Телеком). За активирање на услугата траен налог, треба да се пополни барање и истото да се испрати на info@diners.mk. Барањето може да се преземе тука.

Трајниот налог за ЕВН и за Македонски Телеком сите корисници можат да го активираат и во MyDiners апликацијата во менито Траен налог.

Траен налог во Комерцијална Банка:

Сите членови на Diners Club кои имаат трансакциска сметка во Комерцијална банка можат да активираат траен налог за плаќање на нашите фактури. Повеќе информации на 02/15-155.

6. Дали со Diners Club картичката може да се подигнува готовина на банкомат?

Да, со Diners Club картичките може да се подигне готовина на банкоматите на НЛБ Тутунска Банка, Халкбанк АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола и Уни Банка со можност за отплата на подигнатиот износ до 12 месечни рати.

Надоместокот и провизија за услугата „Подигнување готовина на рати“ е утврден во тарифник на услугите што ги врши Diners Club.

7. Дали со Diners Club картичката можам да плаќa/подигнувa готовина во странство?

Да, со Diners Club картичките може да се плаќа на милиони продажни места глобално1 и да се подигнува готовина на повеќе од 1.2 милиони банкомати2 во повеќе од 130 држави и територии3.

За непречно користење на картичката надвор од Европа над 100 USD, потребно е да се направи најава со праќање на маил на info@diners.mk, каде ќе биде наведен период на користење и износ.

За непречно користење на картичката во земјава и Европа над 100.000 МКД, потребно е да се направи најава на 02/15-155.

Продажните места на кои е овозможено плаќање со Diners Club картичка се видно обележани со логото на Diners Club International и Discover.

Банкоматите на кои е овозможено подигнување на готовина со Diners Club картичка се видно обележани со логото на Diners Club International и Pulse. Готовина во странство може да се подигне и на шалтерите на одредени банки.

Сите трошоци направени во странство поголеми од 20 евра автоматски се делат на 6 месечни рати. Услугата „Плаќање на рати во странство“ може да се деактивира со јавување во контакт центарот на 02/15-155.

1 Врз основа на податоци доставени до Discover од трговци, институции кои прифаќаат платежни картички и други трети страни заклучно со 31 декември 2024 година. 

2 Извори на податоци: Discover Network, Diners Club International, PULSE и RBR Market Deployment Database. 

3 Интерни податоци за трансакции од Discover за 2024 година.

8. Дали се пресметува провизија при купување на рати или подигнување готовина од банкомат со Diners Club картичка?

Да, согласно типот на трансакција со Diners Club картичките се пресметува надоместок/провизија која е утврдена во тарифник на услугите што ги врши Diners Club.

9. Кои се причините за одбиена авторизација на трансакција со Diners Club картичка?

Причина за одбиена авторизација може да биде:

  • Неажурирани податоци
  • Техничка грешка
  • Кредитни причини (лимит, погрешен пин, долг)
  • Ненајавен трошок во странство/интернет
  • Заштита од злоупотреба

Доколку не постои ниту една од наведените причини за одбиена авторизација, потребно е да се контактира Diners Club на 02/15-155 или на info@diners.mk.

10. Дали трансакциите платени во готово со Diners Club може да се поделат на рати?

Да, трансакциите направени во готово може да се поделат на рати преку:

  • MyDiners апликацијата брзо и лесно

 Во делот Трансакции кај секоја трансакција има жолто копче на кое се отвора мени за да се изберат број на рати. Оваа промена клиентот може да ја направи за трансакциите во тековниот месец најдоцна до последниот ден од месецот, односно пред генерирање на новата сметка.

  • Електронска форма на info@diners.mk

Со испраќање на барање со следните податоци:

  • Име и презиме
  • Број на партија
  • Датум кога е направен трошокот
  • Назив на продажно место
  • Број на рати на кој треба да се подели трошокот

Барањето треба да се испрати непосредно по направениот трошок, не подоцна од рокот на плаќање на сметката доколку трошокот веќе е фактуриран.

11. Како да ја активирам добиената нова/обновена картичка и како да го преземам пин кодот?

По добивање на Diners картичката, потребно е да се следи упатството за активација и преземање на пин кодот, достапно на веб-страницата на Diners Club.

Вашата Динерс Клуб картичка може да ја активирате:

  • Преку МyDiners Мобилна апликација
  • Со повик до нашиот контакт центар на 02/15-155

Добивање и плаќање на сметки

1. Кога и на кој начин се добиваат сметки од Diners Club?

Генерирањето и доставувањето на сметките се извршува еднаш месечно во првиот работен ден од месецот преку наведената е-пошта од страна на членот или по пошта на посакувана адреса.

Надоместокот за достава на сметки по пошта е утврден во тарифник на услуги што ги врши Diners Club.

2. Како и каде може да се плати сметка од Diners Club?

Месечните сметки може да се платат во готово или вирмански на шалтер во банка, за корисник Динерс Клуб Интернационал Мак АД Скопје, со даночен број 4030992100592, на една од следните жиро-сметки:

  • 300-0000037528-69 депонент на Комерцијална банка АД Скопје
  • 270-044567000-154 депонент на Халк Банка
  • 210-0445670001-47 депонент на НЛБ банка АД Скопје
  • 500-0000007849-51 депонент на АЛТА банка АД Битола
  • 200-0042444415-05 депонент на Стопанска банка АД Скопје
  • 240-0100011587-42 депонент на Уни банка АД Скопје

Во сите останати банки, за успешно да се реализира уплата, потребно е да се приложи жиро-сметка на една од овие пет банки.

Доколку сметките се плаќаат преку електронско банкарство, во налогот исто така треба да се наведе жиро-сметка на една од овие пет банки.

За правилно пополнување на ПП30 образец/електронско плаќање:

ВАЖНО: Во полето повикување на број треба да го внесете бројот на Вашата партија (13-цифрен број кој се наоѓа во горниот дел на сметката). Примерокот за плаќање можете да го зачувате и секое наредно плаќање да го менувате само износот.

3. Кој е рокот за плаќање на сметките?

Рокот за плаќање, односно доспевањето на сметките, е назначен на самата сметка во горниот десен агол.

4. Што ако сметката пристигне по датумот на доспевање?

Пред да се отвори ковертот, треба да се провери дали датумот од поштенскиот жиг се разликува од датумот што е отпечатен во адресниот простор.

Доколку се разликува, ковертот не треба да се отвори бидејќи само на тој начин може да направи рекламација на работата на поштата.

Доколку датумите се согласуваат, а поштата пристигнала многу подоцна, треба директно во пошта да се проверат причините за застојот.

Со пишан доказ (ковертот со доставен печат од пошта) Diners Club ќе ги сторнира каматите што произлегле од задоцнувањето.

5. Според кој курс се пресметуваат трошоците направени во странство?

При правење на платежна трансакција во евра, корисникот на кредитната картичка се задолжува во денарска противвредност на износот на извршената трансакција изразен во евра, по продажниот курс на Народна банка на денот на обработената платежна трансакција.

Банкарските провизии се на товар на корисникот.

Сите трансакции во валути различни од евра најпрво се разменуваат во евра според пресметка добиена од Динерс Клуб Интернационал, па потоа се задолжуваат во денарска противвредност.

6. Што треба да се направи во случај на рекламација на добиена сметка од Diners Club?

Доколку членот има забелешки или рекламации на добиената сметка, има право и обврска да испрати рекламација во рок од 8 дена од првиот ден за плаќање на спорната сметка, односно 8-миот ден во месецот. По рокот се смета дека добиената сметка е исправна.

Рекламација за корекција на број на рати се прифаќа најдоцна до денот на фактурирање на трошокот или доспевање на сметката согласно тарифникот на Diners Club Македонија.

*Во случај на одложено плаќање на обврските важат истите услови.

Барање за рекламација може да се поднесе секој работен ден во Контакт центарот на 02/15-155 или по е-пошта на info@diners.mk со назнака – Рекламација.

7. Колку време е потребно да се прокнижат средствата на картичката откако ќе се направи уплата?

Уплатите се книжат врз основа на официјални изводи од банката.

Изводите се затвораат во утринските часови за претходниот работен ден.

8. Може ли трошоците направени на рати да се исплатат во целост?

Да, за истото потребно е да се испрати барање на info@diners.mk.

Надоместокот за фактурирање на рати во целост е утврден во тарифник на услугите што ги врши Diners Club. Барањето може да се преземе тука.

9. Дали може да се добие годишна аналитика за трошоци на Diners Club картичка?

Да, за истото потребно е да се испрати барање на info@diners.mk.

Надоместокот за издавање на годишна аналитика е утврден во тарифник на услугите што ги врши Diners Club.

Барањето може да се преземе тука.

Корисничка поддршка и информации

1. Дали има корисничка поддршка?

Да, преку бесплатната мобилна апликација My Diners се овозможува брз, лесен и безбеден пристап до сите информации поврзани со Diners Club картичките.

Членовите на Diners Club може да остварат контакт и преку:

  • Контакт центарот кој е достапен 24/7 на 02/15-155
  • Diners Club зоните во Ист гејт мол-Скопје и Блис мол-Битола
  • Испраќање на е-пошта на info@diners.mk
2. Дали се добива известување по направена трансакција?

Да, преку СМС ИНФО+ услугата сите членови на Diners Club добиваат СМС порака со известување за успешна или неуспешна трансакција направена со Diners Club картичката преку АТМ, ПОС терминал и Интернет.

Со потпишувањето на договор за издавање и користење на Diners Club картичка, секој член задолжително станува и корисник на СМС ИНФО+ услугата на Diners Club.

Надоместокот за услугата СМС ИНФО+ е утврден во тарифник на услугите што ги врши Diners Club.

3. Како може да се има увид во сопствените сметки и трошоци?

Преку бесплатната мобилна апликација My Diners, членовите имаат брз, лесен и безбеден пристап до сите информации поврзани со нивната Diners Club картичка.

Апликацијата може бесплатно да се преземе на следните линкови:
MyDiners на App Store
MyDiners на Google Play
MyDiners за Huawei

Преку My Diners во секое време може:

  • Да се добие увид во сите сметки и трошоци поврзани со Diners Club картичките
  • Да се испрати барање за зголемување на лимит
  • Да се прегледаат сите тековни Diners Club промоции и новости
4. Што треба да се направи доколку се оштети/изгуби Diners Club картичката?

Доколку картичката физички се деформира во кој било поглед (скрши, стопи, раздвои), потребно е истото да се пријави во контакт центарот на 02/15-155 за да може да се направи замена на картичката.

Доколку картичката се изгуби или украде, ВЕДНАШ треба да се контактира контакт центарот на Diners Club на 02/15-155 за истата да се блокира и на тој начин да се оневозможи евентуална злоупотреба на картичката или истата да ја блокирате преку мобилната апликација на MyDiners.

Доколку картичката во меѓувреме е пронајдена, а не била во посед на друго лице, може повторно да се активира во контакт центарот на Diners Club на 02/15-155.

Надоместокот за издавање на нова картичка е утврден во тарифник на услугите што ги врши Diners Club.

My Diners мобилна апликација

Водич за регистрација на My Diners мобилната апликација

Водич за регистрација на My Diners мобилната апликација

Регистрирај се на бесплатната мобилна апликација My Diners која овозможува брз, лесен и безбеден пристап до сите информации поврзани со твојата Diners Club картичка.

Следете ги овие едноставни чекори за регистрација:

  • Кликнете на копчето за регистрација на почетната страна.
  • Внесете ЕМБГ и последните 4 цифри од вашата картичка.
  • Ќе ви пристигне СМС порака на вашиот мобилен телефон, регистриран за контакт во Diners Club.
  • Внесете го ОТП кодот и продолжете со процесот.
  • Додадете ја вашата е-маил адреса и кликнете на копчето „Испрати код“.
  • На вашата е-маил адреса ќе ви пристигне код кој треба да го внесете во полето за верификација.
  • Последниот чекор е да ја внесете и потврдите лозинката за најава на My Diners апликацијата.

Со My Diners мобилната апликација имаш потполна контрола врз твојата картичка со детални информации за твоите сметки и трошоци, кога и да посакаш.

Водич за ажурирање на вашите лични податоци

Драги Diners членови, ве молиме да ги ажурирате вашите податоци, како би се обезбедила точност и ажурност на информациите во системот за работа на Diners Club.

Со ажурни податоци, вашата Diners Club картичка секогаш ќе биде навремено доставена на точната адреса. Доставата е ЛИЧНА, од 08:00 до 16:00 часот, на контакт адресата назначена од ваша страна во нашиот систем.

За да ја завршите процедурата, следете ги следните чекори на апликацијата My Diners:

  • Најавете се на мобилната апликација
  • Пристапете до левото мени
  • Кликнете на опцијата за ажурирање на лични податоци
  • После внесување на податоците, потврдете ја промената
  • Внесете го ОТП кодот што ќе ви пристигне по СМС порака
  • Кликнете на опцијата „Да“ за да пристапите до прозорот за ажурирање на вашите лични податоци

Овие чекори ќе ве водат до линкот за безбедно и лесно ажурирање на вашите лични податоци. Со притискање на копчето „Ажурирај“ ќе започнете со процесот.

  • Прегледајте ги вашите податоци – проверете дали сите информации се точни и комплетни.
  • Извршете ажурирање – ако има промени или дополнувања, внесете ги најновите податоци.
  • Потврдете ги промените со кликнување на копчето „Потврди“.
  • Ќе добиете код за верификација.
  • По верификацијата се отвара прозорец за документ – лична карта – и треба да направите избор ДА / НЕ.

Со одбирање на ДА, процесот продолжува со ажурирање на личната карта, и тоа:

  • Сликајте ја вашата лична карта (предна и задна страна)
  • Сликајте го вашето лице (за проверка на идентитет)
  • Внесете ја вашата контакт адреса (со цел достава на картичката)
  • Ажурирајте ја изјавата за носител на Јавна Функција
  • Преземете го документот Носител на Јавна Функција
  • Ќе добиете код за верификација
  • Внесете го кодот и со тоа документот се потпишува

Со ова, процедурата е завршена во целост.

Ако имате било какви прашања или ако не можете да пристапите до вашиот профил, контактирајте нè на 02/15-155.