Аеродромски салони  

Чекањето не мора да биде здодевно

Уживај во секој момент од твоите патувања со привилигиран пристап до повеќе од 1.300 аеродромски салони ширум светот.

Една од ексклузивните поволности кои ти ги нуди твојата Diners Club картичка е привилегираниот третман на интернационалните аеродромски салони низ целиот свет.

Носителите на Diners Club картичка имаат право да ги користат услуги во аеродромските бизнис салони и во придружба на лица кои не поседуваат Diners Club картичка, при што како носители ќе бидат задолжени согласно тарифата на бизнис салонот во земјата на престој.

Дополнителна придобивка за членовите на Diners Club Македонија е зголемувањето на бројот на аеродромските салони во кои картичката обезбедува можност за влез, дури и ако немаш карта за бизнис класа!

Пребарувај аеродромски салони

Како најнова поволност, членовите на Diners Club имаат привилегија да ја користат и новата ЦИП поволност која ја нудат Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Апостол Павле Охрид. Оваа услуга подразбира привилегиран третман и комплетно преземање при влез на аеродромот од страна на асистент обезбеден од ТАВ, без чекање на ред и без чекирање на патничките торби!

Редовната цена за оваа услуга изнесува 35 евра без вклучен ДДВ, а членовите на Diners Club истата
ќе можат да ја користат за 30 евра + ДДВ.

*Поради усогласување на политиката на сите Diners Club компании, влезот во сите аеродромски салони ширум светот се наплаќа за сите корисници на Diners Club картичката. Тарифата за Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот Апостол Павле Охрид изнесува 1,400 денари, а користењето на аеродромските салони низ Европа и светот ќе се наплаќа согласно тарифите на секој од аеродромите.