Diners ја слави љубовта секој ден

Љубовта е една од најкомплексните релации што луѓето ја градат. Во пресрет на денот на вљубените – Св. Валентајн, потребно е да се осврнеме на сите видови и начини на коишто љубовта допира во нашите животи. Вистина е дека историски, традиционално, па дури и културолошки гледано Св. Валентајн е денот на љубов помеѓу партнерите, но љубовта е многу повеќе од тоа. Нашите пријателски врски, љубовта во семејството, љубовта кон природата, љубовта кон самите себеси се подеднакво важни и треба да се прославувани секојдневно.

Оваа година, прославувањето на љубовта нека не е еден ден. Може да трае цел месец, а може и да е само практика на негување релации со сите оние на коишто сакате да им посветите љубов и внимание во текот на целата година – секој ден.

Пријателска љубов

Пријателската љубов е една од најчистите, а често пати и најдолго негуваната врска во нашите животи. Пријателите се најголемата поддршка за сите останати врски во животот: партнерски, семејни, кариерни. Во сите премрежја, подеми и падови во животот- пријателите биле покрај вас. Поканете ги вашите пријатели на изведбата на „Реквием за мојот пријател“ којашто ќе биде прикажана во Македонската филхармонија на 24 февруари каде што може да купувате со вашата Diners Club картичка.

Партнерска љубов

Традиционалното празнување на Св.Валентајн е познато како славење на партнерската љубов. Љубовта меѓу партнерите е нешто што се негува низ целата година и нешто во коешто постојано се инвестира, а тоа може да е со посета на некоја од претстолнините на љубовта: Париз, Рим или Барселона. Секое патување е повторно заљубување. Во градот, а и во личноста што е со вас.

Проверете ги некои од тековните понуди на туристичките агенции од коишто може да плаќате со Diners Club на рати ТУКА.

Семејна љубов

Со целата своја искреност и чистина, семејната љубов е таа којашто ја негуваме со години и којашто ги има научено многу луѓе како се сакаат и пријателите,  партнерите и пошироко сите за коишто се грижиме. Најубавите моменти со семејството се оние околу трпезата. Храната е она што секогаш ги спојува блиските. Покажете му повторно на вашето семејство дека го сакате – она што редовно го правите и во текот на годината.

Поминете вечер со богата трпеза и пиење во некој од рестораните каде може да ја платите вашата вечера со Diners Club картичка. Погледнете ги нашите продажни места ТУКА.