Diners Club годинава беше златен партнер на Ecommerce конференцијата и со свој изложбен простор се најде токму таму каде што се разговара за иднината на е-трговијата и онлајн плаќањето.
Конференцијата ги собра на едно место трговци, платежни и технолошки компании, институции и создавачи на дигитални содржини. Темата што ја поврза целата програма беше „E-COMM @ AI SPEED “, порака дека времето за дигитално купување и плаќање не е некаде во иднината, туку започнува сега.

Извор фото: Diners Club Македонија
Разговорот што нè интересира секој ден
На сцената се отвораа прашања што директно ги допираат и купувачите и трговците: што ги задржува плаќањата во готово во регионот на Западен Балкан, како помалку „чекање“ во процесот на купување носи повеќе продажби, што можат рати и модели „купи сега, плати подоцна“ да научат за конверзијата, како вештачката интелигенција ги менува искуствата при купување и како изгледаат паметните патеки на купувачот.
Сите овие теми имаат заедничка нишка: онлајн плаќањето мора да биде едноставно, безбедно и достапно за секого. Токму затоа Diners Club беше таму.
Пионер на безготовинското плаќање, партнер на дигиталното
Diners Club е првата платежна картичка во светот, а идејата дека купувањето не мора да чека моменталната состојба во џебот, туку може да се потпре на доверба, постои уште од 1950 година. Денес, истата таа идеја се случува со еден клик.
Како предводник во електронското плаќање, Diners Club континуирано придонесува за развојот на онлајн плаќањето во земјата: со картички што се прифаќаат кај партнерски трговци, со можност за плаќање на рати и со решенија што го прават купувањето поприкладно, а плаќањето посигурно. Присуството на конференцијата како златен партнер е уште еден чекор во таа насока: поддршка на заедницата што го гради дигиталното утре.
Што следува?
Е-трговијата во регионот расте, а заедно со неа расте и очекувањето купувањето да биде лесно, а плаќањето сигурно. Diners Club ќе продолжи да биде дел од тој развој, секогаш во темпо на своите клиенти.
Diners. Во твое темпо.
Извор: BIZlife Редакција
Извор фото: Diners Club Македонија

