Динерс Клуб Македонија во пресрет на летото донираше средства за дечињата од СОС детско село. Средствата се наменети за летен камп кој же се реализира во месец август а на кој ќе присуствуваат 46 деца од згрижувачките семејства на СОС детското село на возраст до 18 години. Летниот камп е структуиран децата да бидат активни и за време на летниот одмор преку спортски активности, игри.
На овој начин децата стекнуваат поголема одговорност, градат почит едни кон други и развиваат нови вештини кои ќе им користат во нивниот понатамошен развој.
Во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност „Кога повеќе,значи повеќе“, Динерс Клуб Македонија, продолжува континуирано да го дава својот придонес во заедницата, особено во насока на детската грижа.Сметаме дека секое дете заслужува летен одмор, затоа што за нас секоја детска насмевка значи многу повеќе.