ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО DINERS CLUB MACEDONIA

Еден од врвните приоритети и главен дел од компаниската култура на Diners Club Македонија е грижата за здравјето и благосостојбата на вработените и нивните најблиски. Затоа, од почетокот на оваа година, Diners Club Македонија во соработка со Еуролинк Осигурување обезбеди приватно здравствено осигурување за сите свои вработени за подобрување и зголемување на достапноста до квалитетни здравствени услуги и обезбедување навремена лекарска нега.

„Здравјето, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени се императив за компанија како Diners. Континуирано се стремиме да ги унапредиме условите за работа на нашите вработени, а олеснувањето на пристапот до квалитетни здравствени услуги е нешто коешто веруваме дека е од најголема важност, бидејќи здравјето е секогаш на прво место. Остануваме посветени на поттикнување и негување здрави навики кај вработените, што секако подразбира редовни лекарски прегледи, отсега во време и на место кое за нив е најсоодветно“, изјавија од Diners Club Македонија.

Преку приватното здравствено осигурување, компанијата на вработените практично ќе им овозможи поголема достапност до медицински услуги кои подразбираат регуларен здравствен преглед, но и покривање трошоци за болничко лекување при евентуална хоспитализација во приватни болници без никаква обврска да се посети матичен лекар, покривање на трошоците од страна на Фондот за јавно здравство доколку услугата е примена во јавна здравствена установа, рефундација на трошоците за амбулантно лекување за специјалистички прегледи и дијагностички постапки во приватни здравствени установи, рефундација на медицински трошоците за лекови препишани од доктор за третмани надвор од болница, како и рефундација на трошоци за стоматолошки услуги или интервенции.

Инаку, овозможувањето на оваа поволност е дел од напорите на Diners Club Македонија за воспоставување и одржување позитивни корпоративни практики, имајќи ја во фокус и како највисок приоритет грижата за своите вработени.