5 места на кои не би можеле да одолеете оваа зима

Зимските месеци се секогаш добра прилика да посетите необични дестинации кои наликуваат на снежни места од бајките, особено во друштво на семејството или пријателите. Некои сакаат да посетат егзотични места каде зимската облека е непознат поим, додека некои сакаат навистина да уживаат во снегот на сонце на најпознатите скијачки центри низ светот. Нашите предлози овој пат се однесуваат на сите љубители на зимата без разлика на каков начин сакаат да ја доживеат.

Плитвички езера, Хрватска

Оваа дестинација е исклучително популарна во текот на летниот период односно е најпосетуваниот национален парк во Хрватска, кој е познат по 16 меѓусебно поврзани езера, спектакуларни каскади и навалица на летни туристи, но би сакале да ви предложиме да ги посетите овие езера во зима, кога има најмалку посетители, а природата изобилува со неверојатни глетки како магичните замрзнати водопади. Овој период големи се шансите паркот да го имате речиси целосно за себе. Ако сакате да ја избегнете гужвата оваа зима, зошто да не земете турнеја по Плитвичките езера од Сплит?

Замокот Шлос Нојвајнштајн, Германија

На Германија навистина и прилега зимата, а ако ви треба доказ, само погледнете ја Баварија и снежниот Шлос Нојшванштајн. Ова е замокот кој беше инспирација за оној на Пепелашка на Дизни и уште повеќе личи како од бајка во зимскиот период. Ќе го најдете над селото Хоеншвангау во југозападна Баварија, а ако сакате да останете во близина, ресторанот Нојшвајнштајн е навистина многу блиску. Сигурни сме дека нема да останете рамнодушни на ова неверојатно место особено во зима.

Лапонија, Финска

Кога зборуваме за неверојатни зимски дестинации не смееме, а да не помислиме на Аурора Бореалис. За да ја видите Северната светлина во Финска, одете во Лапонија бидејќи долгите, темни зими го прават овој морничав прекрасен дел од Европа жариште на Аурора Бореалис. За најдобри глетки, посетете ги помеѓу јануари и март или, уште подобро, останете во Рованиеми и одете на лов на Северна светлина со локални водичи.

Тајландски острови, Тајланд

Островите на Тајланд се место кое ве тера да фантазирате за бегство од светот, особено во зима доколку не сте фан на ниските температури. Бел песок, рустикални колиби на плажа, импровизирана лежалка која нежно се ниша меѓу две палми додека тиркизното море се бранува тивко покрај брегот… Има десетици места од кои можете да изберете и секое нуди нешто сосема различно, од супер бањите на Кох Самуи до пешачење на плажата во Кох Липе, додека Кох Ланта останува тивко место за одмор со прекрасни места за престој на ултра долгите плажи.

Сент Мориц, Швајцарија

Овој ски – резорт е родното место на алпскиот зимски туризам. Сент Мориц, познат како ски-центарот „на врвот на светот“, е пионерско место кога зборуваме за скијање. Одморалиштето било отворено во 1864 година, еден од првите швајцарски лифтови во 1935 година е изграден баш таму и овој центар беше домаќин на Зимските олимписки игри двапати – во 1928 и 1948 година. Глетките стануваат уште попријатни како ги искачувате врвовите од неговите околина. Нашиот предлог е да се придружете се на редовните љубители на снегот кои го посетуваат Сент Мориц барајќи да уживаат во убавините на зимата.

Сите овие места можете да ги посетите и безгрижно да ја користите вашата Diners Club картичка, без разлика дали се работи за трансакции над 20 евра кои можете да ги плаќате до 6 рати, или пак за готовина која ќе ја извадите од локалните банкомати. Ваше е само да ја изберете омилената дестинација и да уживате во вашиот престој преку поволностите кои ги нудиме низ мрежата од над 40 милиони продажни места низ светот.