Сонце на повидок, топли денови и многу позитива се енергијата која ни следи оваа сезона. Вистинска прилика за ден посветен на исполнување на задоволства и релаксиран шопинг во најголемиот шопинг-центар во регионот, East Gate Mall.
Повеќе од 250 продавници и бесплатен паркинг со специјална апликација за навигирање. Дополнително секој вторник во East Gate Mall те очекуваат специјални попусти на селектирани производи од повеќе марки во склоп на нивната редовна неделна акција Tuesday Specials. Веќе те убедивме да започнеш да се подготвуваш, нели? Ајде да тргнеме!
Од паркингот се качуваме на приземје каде те очекуваат 8 нови брендови на Fashion Group, како и нови брендови од групацијата Inditex – Zara Home и Oysho. Tука ќе го најдеш и најголемиот продажен салон на Zara во регионот кој се простира на површина од 4600 м2, како и новите брендови на групацијата Magnetik, Patrizia Pepe и Twinset.
Знаеме дека едвај чекаш да блеснеш во полн сјај – веќе започна сезоната на матури, свадби и прослави, па конечно можеш да ја искористиш приликата за дотерување која ја чекаше цели 2 години. Гламурозниот изглед ќе го комплетираме со козметика, парфеми и накит од Fabu Spot, Cosmo, Parafois или Rebbeca чии продажни салони исто така се наоѓаат на приземје. За сите твои модни комбинации можеш плаќаш до 12 рати со твојата Diners Club картичка.
А кога сме веќе тука можеби е добра идеја да почнеш и со подготовки за претстојните летни патувања. Одиме во посета на најновите продажни места во мрежата на Diners, Calzedonia, Intimisimi и Tezenis чии продажни салони исто така ќе ги најдеш еден до друг на „ Централниот булевар“ на приземјето.
Подготовките за пат се завршени, каде одиме следно?
Како што се качуваш по ескалаторот на првиот кат ги здогледуваш високите полици со книги на Книжарница Три и Literatura.mk и веднаш знаеш која е твојата следна шопинг дестинација. Мај, како месец посветен на подигање на свеста за менталното здравје е супер да одбереш од големиот избор на книги од областа на популарна психологија. Без грижи доколку сепак не можеш да се одлучиш за само една. Плати со твојата Diners Club картичка и само одбери на колку рати сакаш да го поделиш износот.
Но за добро ментално здравје не е важно само да го вежбаме умот, туку и телото. Па така се упатуваме кон спортскиот дел на првиот кат каде можеме да најдеме сè што ни треба во продавниците на Adidas, Nike, Sport Vision, The Athlets Foot и други и да плаќаме до 12 рати со Diners. Оттука се качуваме на вториот кат и одиме во Palestra – фитнес-центар со можности за нов стил на вежбање, каде членарината можеш да ја плаќаш на 12 рати без камата.
Ни останува уште шопинг и пазарување за дома, но пред тоа се симнуваме на вкусен ручек во Food Court на првиот кат.
За крај се упатуваме кон кат -1 и -2 каде што се лоцирани брендовите за техника и домаќинство како Commodita Home, JYSK и Neptun. Тука сигурно ќе ја најдеш столната ламба која недостасува во твојата дневна соба и новиот моќен блендер кој веќе одамна требаше да го купиш. Пред да продолжиме кон паркингот, на кат -2 застануваме на пазарување во Tinex. Со Diners сето ова ќе можеш да си го овозможиш со отплата до 12 рати.
Исполнет ден, одличен шопинг и уживање. Дозволи си повеќе од нив со Diners и East Gate Mall!
Биди во тек со најновите акции и промоции на East Gate Mall на https://eastgatemall.mk/