5 Booking.com дестинации кои мора да ги посетиш

Туристичката сезона е во полн ек и како што деновите стануваат сѐ потопли така сѐ почесто размислуваме каде ќе ги поминеме годишните одмори. Сега кога и еден од најпопуларните онлајн сервиси за патување и сместување, Booking.com е дел од новата Diners Cashback онлајн програма, конечно е време за да истражиме нови дестинации и целосно да се препуштиме на уживање во некои од најубавите градови, плажи и култури во светот.

Одбравме 5 Booking.com дестинации кои треба да се најдат на твојата листа за патување:

Сместувањето во Дубаи резервирај го преку линкот за Booking поставен на www.dinerscashback.mk и добиј поврат на готовина на твојата Diners Club картичка. Со цел поголема безбедност на твоите интернет трансакции, плаќањето на Booking најави го однапред на 15 155 или на мобилната апликација MyDiners.

Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Без разлика дали патуваш со партнер или со семејството, Дубаи е дестинација која ќе те освои со модерната Арапска архитектура, грандиозните и луксузни хотели и локалните традиции и култура. Јавање на камила во пустина, пливање со делфини, посета на локалните пазари со зачини или вечера со поглед на Бурџ Калифа, се само мал дел од можностите што ги нуди овој град за да имаш одмор за паметење. Токму затоа Дубаи секоја година го посетуваат повеќе од 16.7 милиони туристи.

Блед, Словенија

Каде и да одиме, секогаш ќе има барем уште едно место на Балканот што останува да се посети. Доколку сакаш да избегаш од градските турканици и да им се восхитуваш на природните убавини, тогаш Словенија е дестинација за тебе. Опколен од Националниот парк Триглав, Блед е една од најатрактивните туристички дестинации која ќе те маѓепса со својата недопрена природа. Посети го малиот остров во средината на езерото, планинари долж Винтгарската клисура, нуркај во бистрата азурна вода на езерото Блед или само уживај во мирот и тишината кои ги нуди оваа идилична дестинација.

Сместувањето во Блед резервирај го преку линкот за Booking поставен на www.dinerscashback.mk и добиј поврат на готовина на твојата Diners Club картичка. Со цел поголема безбедност на твоите интернет трансакции, плаќањето на Booking најави го однапред на 15 155 или на мобилната апликација MyDiners.

Сместувањето во Алгарве резервирај го преку линкот за Booking поставен на www.dinerscashback.mk и добиј поврат на готовина на твојата Diners Club картичка. Со цел поголема безбедност на твоите интернет трансакции, плаќањето на Booking најави го однапред на 15 155 или на мобилната апликација MyDiners.

Алгарве, Португалија

Иако можеби првпат слушаш за Алгарве, те уверуваме дека јужното крајбрежје на Португалија ги крие некои од најубавите плажи што некогаш можеш да ги посетиш. Кристално чиста вода и рајски плажи, бајковити рибарски гратчиња и возбудлив ноќен живот. Што повеќе можеш да посакаш во лето?

Будимпешта, Унгарија

Будимпешта е одлична дестинација за оние кои и на одмор не можат да мируваат. Ако сакаш добра музика, дружење и многу забава, тогаш оваа европска метропола е дефинитивно вистинскиот избор за тебе. Покрај големиот број на историски знаменитости кои можат да се посетат, Будимпешта е позната и по активниот ноќен живот и големиот избор на диско клубови и барови. Ако се одлучиш да ја посетиш во август ова лето, ќе имаш можност и да ги слушнеш и Arctic Monkeys, Dua Lipa, Kings of Lion кои се дел од овогодишниот lineup на еден од најпознатите европски музички фестивали SZiget.

Сместувањето во Будимпешта резервирај го преку линкот за Booking поставен на www.dinerscashback.mk и добиј поврат на готовина на твојата Diners Club картичка. Со цел поголема безбедност на твоите интернет трансакции, плаќањето на Booking најави го однапред на 15 155 или на мобилната апликација MyDiners.

Сместувањето во Занзибар резервирај го преку линкот за Booking поставен на www.dinerscashback.mk и добиј поврат на готовина на твојата Diners Club картичка. Со цел поголема безбедност на твоите интернет трансакции, плаќањето на Booking најави го однапред на 15 155 или на мобилната апликација MyDiners.

Занзибар, Танзанија

За крај, ако ништо од ова не е доволно ново и различно, тогаш истражи ги најегзотичните плажи на Индискиот океан на крајбрежјето на Источна Африка. Занзибар е остров во кој ќе се вљубиш на прв поглед. Долги бели песочни плажи, тиркизен океан, недопрена природа и богата локална култура и традиција. Доколку ова не е доволно, само погледни ја фотографијата лево и можеш да почнеш со пакување.

Без разлика дали ќе одбереш некоја од предложените дестинации или ќе се одлучиш за сосема друга, резервациите и плаќањата направи ги преку линкот за Booking поставен на www.dinerscashback.mk и добиј до 5% поврат на готовина на твојата Diners Club картичка. 

Доколку сè уште се немаш регистрирано на новата Diners Cashback онлајн програма, направи го тоа веднаш на www.dinerscashback.mk и откриј ги сите придобивки кои истата ти ги нуди.

Покажи дека знаеш како се ужива во летото со Diners Cashback и Booking!