Нова електронска форма за аплицирање со најсовремена технологија за биометриска проверка и потврда на идентитетот

При пополнување на формата за аплицирање, идентитетот на апликантот се потврдува со само едноставни 2 чекори:  

  1. Фотографирање на документ за лична идентификација од којшто системот понатаму сам ги извлекува податоците и ја проверува валидноста на документот и
  2. Selfie фотографија од апликантот при што се врши биометриска проверка на соодветната фотографија со приложениот документ за лична идентификација

Системот сам ги извршува сите потребни проверки на приложените документи и информации, а дополнително овозможува и онлајн потпишување документи, сето тоа со неколку кликови.

На овој начин апликантите можат успешно да ја поднесат својата апликација за Diners Club картичка, целосно онлајн, само со лична карта и уред со камера, за помалку од 5 минути.

Во задоволувањето на потребата за постојано подобро корисничко искуство како и за дигитализација на процесите со највисоко ниво на безбедност, Diners Club оствари стратешка соработка со Blinking, водечка компанија во областа на дигиталниот идентитет и user onboarding на Западен Балкан со седиште во Белград, Србија.

„Мило ни е што дигиталната трансформација и биометриска верификација се дел стратегијата на Diners Club Македонија. Нашата компанија е подготвена да го поддржи нивниот раст и амбиција да се прифатат нови технологии, со цел да овозможиме најдобро корисничко искуство, задржувајќи ги безбедноста и довербата како клучни принципи на работа.“ – вели Милица Лазаревиќ, директор на одделот за односи со клиенти во Blinking,

Новата електронска форма за аплицирање е само најава за сите нови дигитални решенија и услуги кои се дел од нашата долгорочна стратегија за креирање на уникатно и современо корисничко искуство на членовите како и за унапредување на работата и процесите на компанијата.