Diners Club Македонија со голема наградна игра КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ

Diners Club Македонија во пресрет на својот 30 годишен јубилеј ја наградува вашата доверба и лојалност! По тој повод започна големата наградна игра „Кога повеќе значи повеќе“.

Доколку сакаш нов автомобил или пак да добиеш вредни парични награди, учествувај во наградната игра која трае од 15.05.2024 до 26.12.2024 година.

Во наградната игра можат да учествуваат сите полнолетни физички лица постоечки и нови членови на Diners Club кои ќе направат трансакција на рати во износ еднаков или поголем од 3.000 денари, а со тоа добиваат неограничен број на шанси за учество во тековниот месец. Доколку едно лице биде добитник на награда во тековниот месец, следниот месец може повторно да учествува со трансакциите од тековниот месец, а сите трансакции од целиот период учествуваат во главното извлекување.

Покрај главната награда Peugeot 208, ќе бидат доделени неделни и месечни парични награди за времетраење на наградната игра:

  • 26 награди по 3.000 денари
  • 13 награди по 20.000 денари
  • 7 награди по 30.000 денари

Правилата за учество во наградната игра може да ги погледнете на следниот линк а доколку сеуште немате Diners картичка можете да аплицирате ТУКА.

Добитниците на наградната игра ќе бидат извлечени по електронски пат преку компјутерска селекција.  Извлекувањето за главната награда ќе се спроведе на 27 декември, во просториите на Diners Club Македонија. Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 24 часа од извлекувањето на наградите на нивната контакт е-маил адреса и контакт телефон, како и на веб страната на организаторот www.diners.mk.

Не ја пропуштајте шансата да станете добитник на една од многуте награди, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка.

30 години Diners Club Македонија – “Кога повеќе значи повеќе”!