Динерс Клуб Македонија го поддржа настанот „The Stars Symphony“

Динерс Клуб Македонија го поддржа концертот „The Stars Symphony“, кој во градот на филмот и културата вчера го отвори 16-тото издание на битолското културно лето „Бит фест“. Концертната програма ја предводеше камерниот оркестар IWConnect. Mногубројната публика имаше можност да ужива во прекрасната изведба и звуците на: Каролина Гочева, Паркети, Констракта, Супер Хикс и многу други музички ѕвезди.

Како партнер на овој настан Динерс Клуб Македонија ги препознава и поддржува вистинските културни вредности, преку афирмација и промоција на македонската музика и култура, кои се нашето најголемо богатство. На нашите лојални членови кои се дел од големото семејство на Динерс Клуб Македонија, им доделивме влезници да бидат дел од овој музички спектакл.

Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност „Кога повеќе, значи повеќе“.