Пазарувајте на рати без камата на повеќе од 75 продажни места во East Gate Mall со картичките на Diners.
Со отворањето на East Gate Mall, компанијата Diners Club Македонија најави дека сите корисници на Diners картичките, независно дали се постојни или нови членови, ќе можат до крајот на неделава да пазаруваат на рати без камата во повеќе од 75 продажни места во новиот трговски центар.
Оваа акција Diners ја најави почетокот на месецов, заедно со својата нова кампања „Кога сакаш повеќе“, преку која сите Diners членови ќе можат да пазарат на рати, без никакви дополнителни трошоци, не само во East Gate Mall, туку на сите продажни места ширум државата, каде ја има препознатливата налепница на Diners Club International, т.е. во повеќе од 5.000 продажни места и 8.000 ПОС терминали.
Конкретно во East Gate Mall, поволностите на Diners ќе може да се искористат за пазарување на над 200 брендови на продажни места од сите категории!
Од категоријата мода, Diners членовите ќе можат да уживаат во пазарењето во добропознатите Fashion Group, брендовите на INDITEX, Magnetik, City Fashion, Bella и многу други, а од категоријата накит и часовници во продавниците на My Time, B-Watch, Sigma, Rebecca и Хронометар. Adams Shoes, Office Shoes, Biana и Converse се само некои од брендовите за квалитетни и удобни обувки каде ќе можe да се купува со бројните поволности на Diners, како и во дрогериите DM, COSMO Tinex и Babor од категоријата козметика и убавина. Покрај овие, Diners членовите ќе можат безгрижно да пазарат и во Нептун, JYSK, Prima Optics, Зегин, Sport M и бројни други продавници за спортска опрема, книжари, продавници за техника и телефонија, производи за домаќинството и домот, производи за деца, храна, ресторани и многу повеќе.
Инаку сите заинтересирани за некоја од картичките на Diners Club, може да аплицираат брзо и едноставно преку веб-страницата или пак да се јават во Контакт центарот за поддршка на 15 155, и со тоа да уживаат бројни придобивки и привилегии во купувањето.