Ако сакате многу повеќе од обична картичка со која целосно ќе уживате во пазарувањето, а истовремено ќе имате низа ексклузивни поволности и специјален третман за вас како корисник, тогаш Diners Club Advantage картичката е вистинскиот избор за вас.
Од моментот кога вашата Diners Club Advantage картичка ќе се најде во вашиот паричник, вие влегувате во клубот на привилегираните, со можност да ги користите единствените придобивки кои оваа картичка ги нуди.
Разликата со стандардните Diners Club картички не е само во бојата. Со Diners Club Advantage добивате личен асистент достапен 24/7/365 дена во годината и целосно сте ослободени од трошоци за зголемување на кредитниот лимит, користење на услугата СМС Инфо+, користење на аеродромските салони, како и од трошоците за патничко осигурување, бидејќи со оваа картичка добивате годишна генерална полиса за 30 дена.
Како Diners Club Advantage член вие добивате специјални попусти во ресторани, хотели, козметички салони, продавници за облека, цвеќари и низа поволности и попусти за туристички аранжмани, медицински и болнички услуги. Погледнете ја листата на сите продажни места.
Доколку ги исполнувате условите за Diners Club Advantage картичка, аплицирајте тука на брз и едноставен начин или јавете се на 072 551 551.
Ако веќе сте наш член и поседувате некоја од Diners Club картичките, информирајте се за условите кои, доколку ги исполнувате, ќе ви овозможат да станете горд сопственик и на Diners Club Advantage картичка, за уште поголемо уживање во пазарувањето!