Бенефициите на платежната картичката: како да ги искористиш, а да не те искористат тие тебе

Кешбек, рати, попусти кај трговци. Звучи одлично и е одлично, ако знаеш како да ги користиш. Еве како да ги поврзеш бенефициите со твоите вистински потреби.

Кога избираме картичка, често гледаме кој нуди „најмногу“. Најмногу попусти, најмногу рати, најголем кешбек. Но најдобрата картичка не е онаа со најдолга листа бенефиции. Тоа е онаа чии бенефиции навистина ќе ги користиш.

Прво потребата, па бенефицијата

Пред да погледнеш што нуди една картичка, погледни како ти трошиш. Отвори го изводот од последните два-три месеци и запрашај се:

  • Каде трошам најмногу: маркет, гориво, онлајн, патувања, здравје?
  • Дали правам поголеми купувања што би сакал да ги распоредам?
  • Дали патувам во странство?
  • Дали ова би ми била прва картичка, или веќе имам искуство?

Одговорите ти кажуваат кои бенефиции имаат вредност за тебе, а кои се само убаво напишани на рекламата.

Кешбек, преведен во денари

Кешбекот е дел од потрошените пари што ти се враќа. Процентите звучат мали, па затоа вреди да ги преведеш во денари. Пример: ако кешбекот е 1%, а месечно со картичка трошиш 10.000 ден., тоа се 100 ден. месечно, односно 1.200 ден. годишно, за трошоци што и онака би ги направил.

Тука е и замката. Кешбекот е бонус за планирани трошоци, не причина да трошиш повеќе. Ако потрошиш 5.000 ден. за да добиеш 50 ден. назад, ниту си заштедил, ниту си заработил. Провери ги и условите: за кои трансакции важи, дали има минимален износ и кога се исплатува.

Рати: удобност со одговорност

Можноста поголемо купување да се распореди на рати е една од најкорисните бенефиции на кредитната картичка. Но вредноста зависи од тоа како ја користиш. Ратите имаат смисла за планирани, поголеми и трајни купувања, а најважно е новата рата да се вклопи во буџетот заедно со сите постоечки обврски. Повеќе за ова пишуваме во текстот за ратите во ноември.

Мрежата на трговци

Бенефицијата вреди само ако можеш да ја искористиш таму каде што купуваш. Затоа провери кај кои трговци важат попустите, ратите или кешбекот. Вклучи ги и продавниците, маркетите, бензинските пумпи и онлајн платформите што веќе ги користиш. Една понуда кај продавница каде купуваш секоја недела вреди повеќе од десет понуди кај места каде никогаш не одиш.

Пет прашања пред да избереш картичка

  1. Кои бенефиции ќе ги користам секој месец, а не еднаш годишно?
  2. Колку изнесува кешбекот или попустот во денари, според моите вистински трошоци?
  3. Дали има членарина или други трошоци, и дали бенефициите ги покриваат?
  4. Дали трговците што ги користам се дел од мрежата?
  5. Дали лимитот и бројот на рати одговараат на моите потреби, а не на моите желби?

Паметно со парите

Овој текст е дел од „Паметно со парите“, едукативна серија на Diners Club Macedonia. Diners нуди различни картички за различни потреби: од Diners One, прва кредитна картичка без членарина со плаќање на 3 рати, до картички со поголем број рати, мрежа од илјадници продажни места и дополнителни бенефиции. Сите трансакции, рати и лимитот можат да се следат во апликацијата myDiners.       

Извор: BIZLife редакција

Сподели ја веста: