Зачинете со впечатливо парче
Во најстудените зимски денови, можеби ќе почувствувате потреба да се натрупате со повеќе џемпери и јакни. Но, топлата облека не мора секогаш да биде здодевна комбинација. Оставете слој со впечатлив принт или уникатна ролка да ѕирка од под вашиот капут за да додадете зачин на вашиот надворешен „ансамбл“.
Слоевита комоција
Ова е една од комбинациите наменети за сите комфорни ентузијасти – плетениците стануваат топ тема во следниот момент откако есента ќе настапи како годишно време, но оваа сезона комфорот е малку поразигран за разлика од претходните сезони. Безбројни слоеви, XXXL величини и комотни модни додатоци – нема ограничувања кога се работи за вклучување на плетениците во комбинациите за оваа сезона.
Одберете да се истакнете
Сигурно ги обожавате пуфкастите и класични црни палта, но ако ви е смачено да бидете дел од групата на девојки кои никогаш не ризикуваат со модните комбинации и специфичната естетика, одберете да се истакнете. Наместо да носите еднолични и неутрални бои кои се секогаш безбеден избор кога се работи за зимските комбинации, најдете мантил за дожд или капут чиј горен слој се истакнува со разигран и уникатен принт.
Разиграјте ја креативноста
Не мора да се држите до традиционалните зимски комбинации при раслојување на облеката оваа сезона. Додадете елек, корсет, маичка или кроп-топ преку вашата кошула или џемпер со долги ракави, создавајќи комбинација што ќе го спречи студот, но, во исто време, ќе биде ултра креативна и далеку од традиционалното или очекуваното.
Центар на внимание
За оние кои копнеат по драстична промена во кројот на модните парчиња, ви ја претставуваме комбинацијата „Центар на внимание“. Комбинирајте луди украси и сјајни и светлуцави елементи за на крај да си помислите „Дали воопшто смеам да носам ваква комбинација?“, а ние ќе ве потсетиме дека, всушност, можете да носите што ви душа сака оваа сезона.