Динерс Клуб Македонија ги поддржа студентите од УКИМ кои го изработија првиот болид

Динерс Клуб Македонија ги поддржа студентите од УКИМ кои го изработија првиот болид.


Тим од дваесетина студенти од ФЕИТ, Машински факултет и Фински при УКИМ обединети под
името „Формула Студент“ го изработија првиот болид со кој ќе учествуваат на светскиот
натпревар во Хрватска.


Талентираните студенти во просториите на Машинскиот факултет го создаваат првиот
македонски болид кој ќе замине на формула патеката„ Бугати Римац“ во Велика Горица,
Хрватска.


Во просториите на Динерс Клуб Македонија, остваривме средба со амбициозните креатори на
првиот македонски болид, кои имаат заедничка цел да го завршат ова нивно импресивно дело
со кои ќе ги постават темелите за идните генерации, особено вклучувајќи ја женската
популација во мото спортот и инженерството.


Динерс Клуб Македонија верува во квалитетните образовани кадри и овој пат несебично ги
поддржавме студентите, затоа што тие се иднината на нашата земја.


Им посакуваме среќа и успех на нашите студенти, кои достојно ќе не претстават на светскиот
натпревар, веруваме во нивниот талент и се надеваме дека во иднина и македонски болид ќе
се вози на светските формула трки.


Активноста е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност „Кога повеќе,
значи повеќе“.