Динерс Клуб Македонија под мотото Живеј го моментот го поддржа 64-то издание на Охридско Лето

Во знакот на традицијата и оваа година Динерс Клуб Македонија, со гордост го поддржа 64-
тото издание на најреномираниот културен фестивал во државата Охридско Лето под мотото
„Живеј го моментот“.

Фестивалот се отвори со концерт на виолинистот Џулијан Рахлин од Литванија и оркестарот на
Македонската филхармонија.

Програмската содржина на фестивалот изобилува со богата уметничка уникатна програма,
која е вистинско уживање за љубителите на добрата музика и уметност.

Настаните кои ќе се реализираат во рамки на фестивалската програма, ќе се реализираат на
автентични историски локации како Античкиот тетар, Предворјето на црквата Света Софија,
Долни Сарар и во Центарот за култура „ Григор Прличев“.

За сите љубители на културата и уметноста билетите за фестивалската програма можете да ги
платите со со Diners Club картичката, на продажните места:
– Билетарница на„ НУ Охридско Лето“, ул Партизанска бр.4
– Билетарница на Кеј „Македонија“, ул. Македонски просветители бб,
– Билетарница на Плоштад „Крушевска Република“ – Чинар, Ул. Климент Охридски бб,
– Продажни пултови пред сцена

Динерс Клуб Македонија континуирани продолжува да ја поддржува уметноста и културата,
во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност водени од
максимата „ Кога повеќе, значи повеќе“.