Деловна Diners Clubкартичка
Деловната Diners Club кредитна картичка е креирана за современиот деловен живот, со цел да ви овозможи поголема слобода во движењето и сигурност во плаќањето.
ПовеќеПоддршка за вашиот бизнис
Diners Club деловните картички се наменети за правни лица, а со нив имате бројни поволности за плаќање.
Може да ги користите за сите деловни трошоци како и сите останати трошоци кои компанијата ги одобрила со поединечна одлука или со општите акти на друштвото.
- Плаќањето на сметките се врши еднаш месечно
- Извештајот за задолжувањето содржи спецификација на трошоците за секој поединечен корисник на картичката
- Сите денарски трошоци се наплаќаат од тековната сметка на компанијата, а можат да се книжат како материјални трошоци при работењето
Потребни документи
- Рекапитулар за плата за последните три месеци, заверен во Управата за јавни приходи
- Тековна состојба од фирмата, не постара од 3 месеци
- Годишна пресметка од фирмата (биланс на состојба и биланс на успех)
- Потврда за упис во регистарот на вистински сопственици и тековна состојба на вистински сопственици на субјектот
- Меница од 500 денари, менична изјава се пополнува при превземање на картичката
- Изјава за постоење на својство носител на јавна функција на клиентот за управител, корисници и вистински сопственик (превземи тука)
- Изјава за вистински сопственик (превземи тука)
- Копија од важечки документ за идентификација за управител, корисници и вистински сопственик