Траен налог

Плаќајте ги Вашите сметки со траен налог и заштедете време и пари.

Diners Club на своите корисници на приватни картички им нуди можност за плаќање на сметките со траен налог. На овој начин штедите време и можете да добиете одложено плаќање и до еден месец.

Сметките кои ги плаќате со траен налог, можете да ги проверите на месечната сметка на Diners Club.
Апликацијата за активирање траен налог може да ја преземете тука.
Повеќе информации за трајните налози може да добиете на 15 155.

М-RECHARGE

Надополнување кредит на мобилен телефон каде и да сте!



M-Recharge услугата Ви овозможува надополнување на Вашиот мобилен телефон и телефонот на Вашите најблиски со припејд кредит на мобилниот оператор Телеком.
 Ваучерите се достапни во различни вредности од 100, 150, 200, 300, 590, 900 и 2000 денари.

За активирање на услугата M-Recharge потребно е да се пополни Барање за активирање/деактивирање траен налог.

За надополнување кредит:

Се испраќа СМС порака на 140 009 со содржина:

За надополнување на сопствен кредит – „Дополни ИЗНОС НА ВАУЧЕР’’ – во делот ИЗНОС НА ВАУЧЕР се внесува вредноста на ваучерот. Пример: Доколку сакате да надополните 100 денари се користи „ДОПОЛНИ 100’’.

  За надополнување кредит на друг припејд претплатнички број –

„Дополни 38970xxxxxx ИЗНОС НА ВАУЧЕР’’ – во делот ИЗНОС НА ВАУЧЕР се внесува вредноста на ваучерот. На пример, доколку сакаме да надополниме 100 денари на друг припејд претплатнички број се користи „Дополни 38970xxxxxx 100’’.

На крај ќе добиете СМС порака со потврда за успешно надополнување:

„Вашето барање беше реализирано. 100 денари (вкл. ДДВ) се надополнети од Вашата Diners Club картичка на бројот 38970xxxxxx”.

Откажување на барањето за надополнување кредит:

Се испраќа СМС порака на 140 009 со содржина:

  „Откажи’’ – корисникот може да го откаже надополнувањето во максимален рок од 30 минути доколку има средства на припејд сметката на која е надополнето барањето;

Ќе добиете СМС порака со потврда за успешно откажување на барањето за надополнување на кредит – „Вашата последна трансакција за надополнување на 100 денари (вкл. ДДВ) на бројот 38970xxxxxx е откажана’’.

Во случај на грешка или за сите други потребни информации може да контактирате со нас 24 часа во Контакт центарот на 15 155.

СМС Инфо

Со СМС ИНФО+ добивате СМС-порака со известување за успешна или неуспешна трансакција направена со вашата Diners Club картичката преку АТМ, ПОС терминал и Интернет.

Ваквите известувања придонесуваат за дополнителна заштита при вршење на трансакции и спречуваат злоупотреба на картичката.

Како дел од СМС ИНФО+ услугата дополнително добивате и СМС известување за:

  • Обновена картичка
  • Промена на лимит
  • Превентива од опомена
  • Блокирана картичка поради неподмирен долг

Со потпишувањето на договор за издавање и користење на Diners Club картичка, секој нов член задолжително станува и корисник на СМС ИНФО+ услугата на Diners Club.

СМС ИНФО+ услугата е уште еден начин да се осигуруваме дека во секое време ќе можете безбедно и непречено да ги користите сите поволности кои ги нуди Diners Club.  

Надоместокот за услугата СМС ИНФО+ е утврден во тарифата на надоместоци на услугите што ги врши Diners Club, официјално објавен на веб-страницата на Diners Club.