Меѓународна економска олимпијада

Динерс Клуб Македонија, во рамки на својата стратегија за корпоративна општествена
одговорност го поддржа Сојузот на математичари и младите талентирани средношколци, кои
во периодот од 22.07-31.07.2024 година, ќе не претставуваат на седмата Меѓународна
економска олимпијада која ќе се одржи во Хонг – Конг. Непосредно пред нивното
заминување, остваривме средба со средношкоците со кои поразговаравме за идните
предизвици во нивниот понатамошен образовен процес. Динерс Клуб Македонија одвои
финансиски средства кои ќе бидат наменети за покривање на трошоците за авио билети и
сместување.

Учеството на Меѓународната економска олимпијада е од големо значение за нивниот
понатамошен развој и претставува одлична можност за вмрежување, споделување на искуство
со другите учесници на олимпијадата. За прв пат на олимпијадата се става зголемен акцент на
финансиската писменост, секако покрај стандардните економски теми, примената на
математиката и потенцијалниот економски развој.

Поривот на Динерс Клуб Македонија е многу едноставен, помагајќи во градење на образовано
општество инвестираме во идните генерации, создаваме успешни кадри, се со една
единствена цел стекнување на квалитетно образование кај младите и зајакнување на
општеството во целина.

Горди сме што сме поддржувачи на тимот кој достојно ќе ја претстави нашата земја на
Меѓународната олимпијада, затоа што веруваме во нашата мисија предводена од максимата
„ Кога повеќе, значи повеќе“.