Ратите се корисна алатка кога купуваш нешто поголемо, а не сакаш целиот износ да го платиш одеднаш. Но како секоја алатка, имаат вистинска и погрешна употреба.
Ратите имаат смисла кога:
- купувањето е планирано, а не импулсно;
- производот е поголем и ќе трае долго (бела техника, лаптоп, мебел);
- новата месечна рата удобно се вклопува во буџетот, заедно со сите постоечки обврски.
Ратите немаат смисла кога:
- купуваш секојдневни работи што брзо се трошат;
- не би го купил производот ако мораш да го платиш одеднаш;
- веќе имаш неколку рати и не си сигурен колку изнесуваат вкупно.
Едно правило што лесно се памети: ратите не треба да траат подолго од она што го купуваш. Ако уште плаќаш за нешто што веќе не го користиш, тоа не била паметна одлука.
Твојата чек-листа за паметно купување
Пред следното поголемо купување, помини ги овие шест точки:
- Го барав ова пред да го видам
- Би го купил и без попуст
- Знам колку често и колку долго ќе го користам
- Ги споредив цената и квалитетот кај барем две места
- Ако е на рати, го знам вкупниот износ, не само месечната рата
- Се вклопува во мојот буџет, заедно со сите постоечки обврски
Паметно со парите
Овој текст е дел од „Паметно со парите“, едукативна серија на Diners Club Macedonia за полесно разбирање на секојдневните финансии. Со Diners картичките поголемите планирани купувања можат да се распоредат на рати во над 5000 продажни места Сите активни рати можат во секое време да се следат во апликацијата myDiners.
Следната недела: како да ги искористиш бенефициите на картичката, без тие да те наведат да трошиш повеќе.
Извор: BIZlife Редакција
Извор фото: BIZlife Редакција


