Како до Diners Club картичка

Аплицирањето за Diners Club картичка се одвива исклучиво онлајн, само со лична карта на следниот линк.

Diners Club не дава објаснување во случај приемот во членството да се одбие.

Подигнување

Diners Club картичките на членовите им се доставуваат до посакуваната адреса.

Деловните картички се подигнуваат исклучиво со овластување дадено од страна на членот.

Лимит

Секој нов член на Diners Club картичка добива почетен лимит до минимум 3 плати. Лимитот може да се зголеми со испраќање на „Барање за лимит“ преку мобилната апликација MyDiners.

Апликацијата може бесплатно да се преземе на следните линкови:
MyDines на App Store
MyDines на Google Play

За барањето одлучува Кредитниот одбор врз основа на кредитната историја на членот и други можни дополнителни проверки.

Користење

Продажните места на кои е овозможено плаќање со нашата картичка се видно обележани со логото на Diners Club International и Discover.

Користење на Diners Club картичка во странство може да се изврши на сите продажни места каде што се наоѓа ознаката на Diners Club International и Discover.

Потребен промет за гратис членарина:

Diners Club Classic: 90.000 мкд

Diners Club Acibadem Sistina: 90.000 мкд

*Во случај доколку еден корисник поседува Diners Club Classic и Diners Club Acibadem Sistina картички прометот се однесува за двете картички.

*Во направен промет се пресметуваат само фактурираните сметки во период од 12 месеци, од месецот на издавање на картичката.

Подигнување на готовина

Подигнување готовина на рати од АТМи на НЛБ Тутунска банка, Стопанска Банка АД Битола, Халкбанк АД Скопје и Уни Банка со можност за отплата до 12 месечни рати.

*При подигнување на готовина се наплаќаат трошоци според актуелниот тарифник на Diners Club Македонија.

Проверете ги локациите на банкоматите на НЛБ Тутунска банка

Проверете ги локациите на банкоматите на Стопанска Банка АД Битола

Проверете ги локациите на банкоматите на Халкбанк АД Скопје

Проверете ги локациите на банкоматите на Уни Банка

Информацијата за висината на лимитот за подигнување готовина е достапна на:

  • Мy Diners услугата
  • Инфо Центар 15 155

Подигнување готовина во странство, на банкоматите (ATM) каде што има ознака на Diners Club и Pulse, како и на шалтерите на одредени банки.

Готовински локатор за членовите на Diners Club низ целиот свет: www.dinersclubcash.com

*За подигнување готовина од банкомати потребно е да го имате вашиот ПИН код, кој ви препорачуваме да го чувате одвоено од Diners Club картичката и кој треба само вие да го знаете.

Продажба на рати

Во сите продажни места на Diners Club во Македонија е овозможено продажба од 2 до 24 рати. Бројот на рати мора да биде означен на слипот.

Траен налог

По пат на траен налог Diners Club за своите членови редовно ги регулира сметките за: ЕВН,Телеком, M-Recharge. За активирање на услугата траен налог, треба да се пополни барањетo и да се прати на info@diners.com.mk. Барањето може да го подигнете тука.

Траен налог во Комерцијална Банка

Сите членови на Diners Club кои имаат трансакциска сметка во Комерцијална банка можат да активираат траен налог за плаќање на нашите фактури. Повеќе информации на 15 155.

Е-плаќања

Diners Club картичката може да се користи за интернет плаќања, но потребно е претходно да се направи најава на 15155 за да биде одобрена трансакцијата.

Пин

ПИН кодот (Personal Identification Number Code) е ваш личен идентификациски број неопходен за подигнување готовина од банкомати. Пинот е четирицифрен број.

Напомена: овој број задолжително држете го одвоен од картичката!

Сметки ДК

Diners Club на своите членови им испраќа известување за задолжување – сметка, еднаш месечно.

Сметките може да ги добивате во хартиена форма или преку услугата Е-сметка на вашата е-пошта, која е без надоместок.

Трошоците направени во странство се прикажуваат во сметката како задолжувања во денари.

Распоредот на генерирање сметки може да го погледнете на следниов линк.

Доколку имате прашања во однос на сметката може да се информирате на следнава е-пошта info@diners.com.mk.

Рекламации

Рекламација можете да извршите по е пошта info@diners.com.mk со назнака – Рекламација или со јавување во контакт центарот на 15 155.

Чувајте ги слиповите зашто само врз основа на оригинален слип може да се направи рекламација на трошок.

Потребно е да поседувате свој примерок од одобрување издадено за задолжување на Вашата картичка по пат на интернет, е-пошта или факс (резервации на хотели).

Доколку корисникот има забелешки или рекламации на добиената сметка , има право и обврска истото да го направи во рок од 8 дена од последниот ден за плаќање на спорната сметка . По истекот на рокот се смета дека добиената сметка е исправна.

Губење на картичка

Во случај да ја изгубите картичката ВЕДНАШ известете ја дежурната служба во контакт центарот на 15 155. Од моментот на известувањето за изгубена или украдена картичка, сите одговорности ги сноси Diners Club, освен во случај ако со картичката е изгубен и ПИН кодот. Нова картичка се одобрува дури по приемот на писмено известување за губењето на картичката.