Мисија, Визија и Вредности

Мисија

Да им овозможиме на нашите членови финансиска сигурност во секое време и на секое место, слобода и избор во пазарувањето, флексибилност во начинот на плаќање, висококвалитетна услуга и најдобра корисничка грижа и поддршка

Визија

Нашата визија е да бидеме прв избор на кредитна картичка за нашите граѓани. Следејќи ги меѓународните трендови за картично работење, проактивно ги прилагодуваме и унапредуваме производите и услугите, со цел да обезбедиме вредност и единствено корисничко искуство за нашите членови.

Вредности

  • Интегритет: Работиме според високи етички стандарди, професионално, транспарентно и целосно посветени на најдоброто за нашите членови и нашата компанија.
  • Партнерство: Градиме врски со нашите добавувачи и членови, базирани на принципот „вин-вин“ со кој секоја страна добива максимум придобивки.
  • Безбедност: Работиме согласно регулативата за заштита на лични податоци и меѓународните стандарди за квалитет и безбедност на информациите, етаблирани и во политиката на нашиот франшизер, Diners Club International.
  • Одговорност: Преку одговорен пристап кон вработените, нашите членови и партнери, животната средина и општеството во целост, целиме да бидеме добар корпоративен граѓанин и да создаваме вредности за заедницата во која работиме.
  • Корисничка грижа: Грижата за нашите членови е наш највисок приоритет. На сите нивни потреби и прашања одговараме во најкус можен рок, преку системот на 24/7 корисничка поддршка. Квалитет: Со креативен и иновативен пристап, се стремиме да создаваме квалитетни производи и услуги кои ги надминуваат барањата и потребите на нашето членство.