Историја

Diners Club Македонија

Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата уште од 1996 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија.

Во декември 2020 година, Diners Club Македонија за прв пат станува директен сопственик на франшизата, со склучување на франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги. Со тоа Diners Club Македонија го презема ексклузивното право за издавање на Diners Club картички во Република Северна Македонија.

Речиси и да не постои производ или услуга што не може да се плати Diners Club кредитна картичка, благодарение на одлично развиената продажна мрежа во земјата и светот која постојано се зголемува.

Во Македонија со Diners Club кредитната картичка може да се плаќа на рати и рати без камата во повеќе од 5000 продажни места и преку 7.540 POS терминали. Семејството на Diners Club Македонија брои над 15.000 активни корисници, а компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги и 24/7 корисничка поддршка за своите членови.

Благодарение на одличните резултати, изградената репутацијата и големите вложувања и активности на пазарот, во 2022 Diners Club Македонија добива дозвола за откупување на франшизните права за проширување во четири земји, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Diners Club International

Основана во 1950 година во Њујорк, САД, Diners Club е првата кредитна картичка и алтернатива за безготовинско плаќање во светот. Само една година подоцна веќе има 42.000 членови кои картичката можат да ја користат во над 1.000 продажни места во Соединетите Американски Држави.

Денес Diners Club International Ltd. е во сопственост на Discover Financial Services (NYSE: DFS), еден од најпознатите брендови во финансискиот сектор на САД.

Како дел од мрежата на Discover, Diners Club картичката е присутна и прифатена:

  • Во мрежа за повеќе од 200 држави и територии1

  • На повеќе од 55 милиони глобални трговски локации2 ширум светот

  • На повеќе од 1.2 милиони банкомати во преку 130 држави ширум светот

  • Во повеќе од 1.500 аеродромски салони и искуства, во преку 700 градови и над 140 држави ширум светот

  • Пристап до над милион удобности и премиум Wi-Fi hotspot мрежи на глобално ниво

  • Овозможен пристап до 200 дополнителни аеродромски искуства вклучувајќи: јадење, игри, места за спиење

  • DCI има 55+ издавачи, во 45+ држави ширум светот

  • 1 Врз основа на податоци за трансакциите собрани од 2019 година до 2023 година.2 Врз основа на податоци доставени до Diners Club International од трговци, институции кои прифаќаат платежни картички и други трети страни заклучно со 31 декември 2023 година.