Како да ги ажурирате Вашите податоци?
Драги Diners Членови, Ве молиме да ги ажурирате вашите податоци, како би обезбедиле точност и ажурност
Со ажурни податоци, Вашата Diners Club картичка секогаш ќе биде навремено доставена на точната адреса. Доставата е ЛИЧНА, од 08:00 до 16:00 на контакт адресата назначена од Ваша страна во нашиот систем. За да ја завршите процедурата, следете ги следните чекори на апликацијата My Diners:
- Најавете се на мобилната апликација
- Пристапете до левото мени
- Кликнете на опцијата за ажурирање на лични податоци
- После внесување на податоците, потврдете ја промената
- Внесете го ОТП кодот што ќе ви пристигне по СМС порака
- Кликнете на опцијата “Да” за да пристапите до прозорот за ажурирање на вашите лични податоци
Овие чекори ќе ве водат до линкот за безбедно и лесно ажурирање на вашите лични податоци. Со притискање на копчето “Ажурирај” ќе започнете со процесот.
-
Прегледајте ги вашите податоци: Проверете дали сите информации се точни и комплетни.
-
Извршете ажурирање: Ако има некои промени или дополнувања, молиме внесете ги најновите податоци.
-
Потврдете ги промените: Откако ќе направите ажурирања, потврдете ги промените со кликнување на копчето „Потврди“.
-
Ќе добиете код за верификација.
-
По верификацијата, се отвара прозор за документ – лична карта и треба да направите избор со кликање ДА / НЕ
-
Со одбирање на ДА, процесот продолжува со ажурирање на личната карта, и тоа:
– Сликајте ја Вашата лична карта (предна и задна страна)
– Сликајте го Вашето лице (за проверка на идентитет)
– Венесете ја Вашата контакт адреса (со цел достава на картичката од наша страна)
-
Ажурирајте ја изјавата за носител на Јавна Функција
-
Превземете го документот Носител на Јавна Функција
-
Ќе добиете код за верификација
-
Внесете го кодот и со тоа документот се потпишува
Со ова, процедурата е завршена во целост.
Ако имате било какви прашања или ако не можете да пристапите до Вашиот профил, контактирајте нѐ на 15 155.